Итало Звево, или Еторе Шмиц (1861-1928) е роден во Трст. И покрај тоа што завршува школа за трговија, а потоа и колеџ во Баварија, главната вокација во текот на целиот негов живот ќе биде литературата.
Неговиот прв расказ „Борба“ го објаува во 1886 година, а во 1898 год., на сопствен трошок, го објавува и првиот роман „Сенилност“.
По речиси десетгодишен период на „литературен молк“, во 1919 година, започнува со пишување на романот „Свеста на Ѕено“, кој го објавува четири години подоцна, и кој долго време ќе остане потиснат од италијанската критика. Благодарение на Џејмс Џојс и на Еуџенио Монтале, книжевниот „случај Звево“ ќе стане мета околу која ќе се кршат копјата на француските и италијанските критичари, наидувајќи на одобрување од првите и на сомнеж од вторите.
Непосредно по добивањето на релативна слава, Итало Звево умира од компликации на дишните патишта, како последица од сообраќајна несреќа.
-
Свеста на Ѕено
Преку овој неверојатен роман стануваме сведоци како еден (не)успешен обид да се откажете од пушењето може да се претвори во едно од најмаркантните дела на светската литература.
Сè започнува кога порочниот, опсесивен и невротичен Ѕено, по препорака на својот психијатар, почнува да ги пишува своите мемоари како еден вид психотерапија што треба да му го „олесни“ откажувањето од цигарите.
Во низа елиптничи епизоди, исполнети со многу хумор, шокови и заблуди, пред очите на читателот пополека се создава ѓаволски смешен портрет на човекот кој се обидува да внесе малку нормалност и смисла во својот живот, сè до последната цигара…
550,00 ден