Резидание на „Писма“ од Игор Исаковски
Драги читатели,
со радост Ви го најавуваме реизданието на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски. Првото издание книгата го доживеа во 1991 година (издавач: Книжевна младина на Македонија), и еве, по 35 години, решивме една од „најскопските“ книги повторно да заживее и меѓу новата генерација на домашни читатели.
По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание насловено „Совршен поет“, кое го промовиравме минатата есен, „Писма“ е одлично надоврзување на тој издавачки потег бидејќи Ви го претставуваме Исаковски во неговата суштинска форма, на почетокот од пишувачката авантура, кога и го најави својот несомнен талент.
„Книгата три ипол децении трпеливо чека читање и препрочитување, како и превреднување на нештата, бидејќи добрата литература го прави токму тоа, таа не старее и никогаш не губи од својата релевантност и вредност“, вели Игор Анѓелков во поговорот од книгата. „На реизданието на „Писма“ можеме да гледаме како на потсетник дека книжевната сцена кај нас одвреме-навреме знае(ла) да изнедри авторски глас кој на автентичен начин го обликува(л) современието, а Исаковски тоа го правеше во текот на целиот свој креативен живот. Оваа драгоцена книга е потсетник на еден град кој живееше 24/7, на едни луѓе кои ги знаеја сите негови светли и темни сокаци, и на еден автор кој сето тоа го обликуваше во книжевен бисер што живее за вјек и веков“, заклучува тој.
„Писма“ ќе биде достапна за читателите од понеделник, 2 февруари.
Не пропуштајте 😉

КРЕАТИВНА ЕВРОПА