Среќна Нова 2026!!!
Драги читатели и пријатели,
време е да ја испратиме 2025-тата и да ја пречекаме новата, 2026 година.
Годината во која имавме 27 објавени книги (изданија и реизданија) дефинитивно сакаме да ја прогласиме за успешна издавачка година, со ветување дека и за следната подготвуваме разни книжевни изненадувања.
Се разбира, сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката во изминатата година, затоа што станува се’ потешко да се зачува квалитетот во оваа дејност наспроти налетот на квантитетот. Но, останува да истраеме во борбата во која на крајот сепак сакаме да се чувствуваме задоволни дека сме сториле се’ што сме можеле.
Имајте убави празници, и се гледаме повторно в дуќан веќе од 2 јануари.
Среќна Нова 2026!!!
Ознаки:

КРЕАТИВНА ЕВРОПА