Поезија од Господинов на македонски јазик

Драги љубители на ракописот на Георги Господинов,

по шесте прозни изданија и една детска книга, со радост го најавуваме објавувањето на првата стихозбирка од омилениот Георги Господинов, насловена „Таму каде што не сме“, во препев на Никола Маџиров. Книгата официјално ќе излезе во вторник, на 4 ноември, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура.

Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден во 1968 година во градот Јамбол. По образование е филолог и литературен историчар, но својата кариера ја започнува како поет и токму поезијата е првиот јазик преку кој го изразува светот.

Неговата прва збирка поезија, „Лапидариум“ (1992), веднаш привлекува внимание со својот лаконски стил, меланхоличниот и носталгичен тон. Следуват „Црешата на еден народ“ (1996), „Писма до Гаустин“ (2003) и „Таму каде што не сме“ (2016).

Во македонското издание на Таму каде што не сме ексклузивно се објавени и неколку досега необјавени песни на Господинов.

Иако Господинов е меѓународно познат по своите романи, како „Физика на тагата“ и „Засолниште во времето“, тој никогаш не ја напушта поезијата.

Во едно интервју, тој вели: „Ја негувам онаа литература што се распаѓа. Што мириса на минато. На изгубени нешта. Тоа е поезијата.“

Сигурни сме дека ќе уживате и во неговата поезија, како и досега во прозата. Вие сте на потег 😉

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна