Лето со книгите на Господинов!

Лето со книгите на Господинов!

Драги читатели, Во овие пеколни летни горештини, се’ што ни преостанува е да создадеме пријатна сопствена оаза и да читаме! За искусување на тоа непроценливо задоволство, од 24 до 31 јули решивме во фокус да ги ставиме книгите од Георги Господинов по многу достапни цени. Ова е одлична можност за оние кои ги сакаат приказните […]

Меѓународниот „Букер“ за романот „Засолниште во времето“

Меѓународниот „Букер“ за романот „Засолниште во времето“

Многу не’ израдува веста дека актуелниот роман „Засолниште во времето“ ја доби Интернационалната награда „Букер“, во превод на англиски јазик на Анџела Родел. Со годинашното жири претседаваше француско-мароканската писателка Лејла Слимани, а победникот беше објавен синоќа (23 мај), на специјалната вечер во Лондон. Букеровата награда е најважниот настан во литературниот и издавачкиот свет. Се доделува […]

Денеска од печат излегува „И други приказни“ од Георги Господинов

Денеска од печат излегува „И други приказни“ од Георги Господинов

Актуелниот роман „Засолниште во времето“ од Господинов доживува неверојатен меѓународен успех. И додека нетрпеливо очекуваме Георги да не’ изненади со ново дело, решивме да ја објавиме неговата збирка раскази „И други приказни“, која пред десетина години првично ја издаде „Темплум“. Како што сугерира и самиот наслов, „ПРИКАЗНАТА“ е централната тема, покрај тоа што е основна […]

Книжевни разговори со Георги Господинов

Книжевни разговори со Георги Господинов

На први декември, наш и Ваш гостин беше Георги Господинов. Го промовиравме неговиот актуелен роман „Засолниште во времето“, кој наиде на одличен прием во светот, и секако, кај македонската читателска публика, која ги сака неговите книги. Бугарскиот писател во кусиот разговор со Оливера Ќорвезироска уште еднаш фокусот го ставa врз  книгата, како наше единствено удобно […]

Видео запис од промоцијата на „Засолниште во времето“

Видео запис од промоцијата на „Засолниште во времето“

За Георги Господинов годинава беше исполнета со промотивни настани поврзани, најчесто, со неговиот актуелен роман „Засолниште во времето“, проследен со еден куп признанија и награди. Затоа ни е многу драго што го имавме тоа задоволство на 1 декември, како добри домаќини, да го пречекаме и во Скопје. На промотивната вечер во МКЦ сите работи си […]

Георги Господинов во Скопје!

Георги Господинов во Скопје!

Почитувани читатели, по фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа и светот, Георги Господинов, на радост на бројните читатели, доаѓа во Скопје! Промоцијата ќе се одржи на 1 декември во кино Фросина (МКЦ) од 21 часот. Модератор на разговорот ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки на книгата […]

„Засолниште во времето“ од Господинов како јубилејна, 200 книга во едицијата „Проаза“

„Засолниште во времето“ од Господинов како јубилејна, 200 книга во едицијата „Проаза“

Со огромно задоволство Ве информираме дека денеска од печат излезе преводот на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов, како двестота, јубилејна книга во популарната едиција „ПРОаЗА“на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Како еден од најчитаните автори од преводната литература, чии романи „Физика на тагата“ и „Природен роман“ и збирките раскази „И се’ стана месечина“ и „Сите […]

Книжевна вечер со Георги Господинов

Книжевна вечер со Георги Господинов

Драги читатели, Ви благодариме за бројната посета на промоцијата на преводот на романот „Физика на тагата“ од Георги Господинов, кој нескромно можеме да го прогласиме за книжевен настан на годината, но и на деценијата. За сите оние кои ја пропуштија оваа магична вечер, во прилог е видеото од настанот, но и генерално, од гостувањето на […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна