Лето со книгите на Господинов!

Драги читатели,

Во овие пеколни летни горештини, се’ што ни преостанува е да создадеме пријатна сопствена оаза и да читаме!

За искусување на тоа непроценливо задоволство, од 24 до 31 јули решивме во фокус да ги ставиме книгите од Георги Господинов по многу достапни цени. Ова е одлична можност за оние кои ги сакаат приказните на Георги да ја комплетираат домашната библиотека со неговите книги, а за оние, пак, кои се’ уште не се сретнале со неговата проза, ова е повеќе од одлична можност да нурнат во еден возбудлив и незаборавен книжевен свет.

Да потсетиме, Господинов е еден од најзначајните писатели од овие простори во новиот милениум. Неодамна ја добри престижната награда „Интернационален Букер“ за романот „Засолниште во времето“ во превод на англиски јазик на Анџела Родел, откако претходно се прослави со „Физика на тагата“ кој е преведен на многу светски јазици. Приказната започна со исто така наградуваното деби „Природен роман“, а тука се и неговите прекрасни збирки со раскази „И се’ стана месечина“, „Сите наши тела“ и „И други приказни“. Во пакетот со попусти не заборавајте да ги почестите и најмладите со феноменалната сликовница „Свадби на животни и нешта“, која Георги ја направи со неговата 6-годишна ќерка Раја.

Наминете во дуќан ИЛИ нарачајте онлајн, а во август… па, во август ќе одмориме од се’!

Ве очекуваме 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна