Илина и тајните на Бабин заб

Од (автор)Хана Корнети

420,00 ден

Илина е една година постара – ама дали е и помудра? Учи да стане вештерка, ама не сака да слуша. Прави бенд со татко и’, ама нивната музика звучи како расипан тостер. И сака да им помогне на шумските тролови да ги вратат боите во градот – ама нема поим како!

А насред сето тоа, се шушка легендата за стариот Бабин заб, село кое го проголтала природата, село кое ако слушаш внимателно, можеш да го чуеш…

ШИФРА: 603
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

277

Година на издавање

2025

Хана Корнети (Скопје, 1992) сака да пишува, да гали кучиња, да јаде палачинки и да се жали – особено кога ќе снема палачинки.
Досега, има објавено две збирки раскази за возрасни – „Млечни заби“ (2021, Или-Или) и „Каде леташ, Јулија?“.
Исто така е коавторка, заедно со Ивана Чалоска и Димитар Самарџиев, на книгата-нефикција:
Croprising: Good Weeds & Bad Gardeners – A Guide.
„Илина и тајните на Бабин Заб“ е нејзината втора книга за чудни, умни, вакви, такви, големи и мали деца и е продолжение на „Илина и шумските тролови“.
Ако ти се допаѓаат книгите за Илина, погоди што? Наскоро ќе има и трета! Следниот роман за Илина и нејзината банда ќе биде нашето последно ѕиркање во нејзиниот волшебен свет. Но магијата, знаеш, никогаш не исчезнува. Таа едноставно се сели на друго место – во твојот свет.