Хана Корнети (1992, Скопје) паралелно дипломирала Философија и Историја на ОДТУ, Анкара, а магистрирала Културолошки студии на универзитетот Сабанџи, Истанбул. И Македонија и Турција ѝ се дома.
Има напишано награден расказ (од „Нова Македонија“) и наградена пиеса (од Здружението на драмски писатели и сценаристи), додека неколку нејзини раскази се издадени во меѓународни електронски списанија.
-
-
Каде леташ, Јулија?
350,00 денШто да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? Одлепени, фантастични, хумористични, апсурдни и длабоко прецизни! Вака би можела да ги опишам десетте раскази од оваа збирка со наслов „Каде леташ, Јулија?“ на Хана Корнети. Со нејзиниот уникатен стил изграден преку колоквијален јазик, полн со хумор и длабинско проникнување, Хана нè става во друштво на неверојатни ликови низ незамисливи ситуации. Уште поневеројатно ни се чини што во ликовите од нејзините раскази како во огледало се гледаме самите или ги препознаваме луѓето околу нас. А во нив и специфичните мани, неодоливо добрите страни и целиот куп апсурдности, за кои обично сме слепи гледајќи со (нашето) голо око. Ова е збирка во која се лета на метла, се паѓа во клопка на октопотка, се добива лоша фризура и добар фризер, се тролаат телепродавања, се дочекуваат најдолгите седум секунди, се губи мачката на својот живот, настануваат грешки и изгреваат нови сонца. Милоста нема да ја добијат оние што не ја заслужуваат, но емпатијата е тука за сите!
Наташа Атанасова
-
Илина и шумските тролови
420,00 денНаместо здодевен ден на село, Илина е вовлечена во една голема авантура: шумскиот трол Папрат ја бара нејзината помош за да ги спаси скаменетите пријатели од една лоша вештерка. Но ништо не е баш така како што изгледа во свет каде што гатачките не ја знаат иднината, враните никако да се најадат, на мачорите навидум сѐ им е јасно, а бои и мириси се собираат во теглички.
-
Млечни заби
290,00 денЗбирката раскази „Млечни заби“ е книжевно млечно запче на Хана Корнети.
Иако збирката содржи и истоимен расказ, насловот на некој начин ги опфаќа темите на десетте раскази – слатките и неслатки маки при растењето како што се бледеењето на детството, кревката вечност на пријателствата, безначајните соништа и поучните кошмари, смртта на блиските, своеволието на книжевните ликови и првите симпатии.
Секој чин е дел од неговиот создавач, па така и оваа книга е отцепено делче од Хана.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА


