Илина и шумските тролови

Од (автор)Хана Корнети

350,00 ден420,00 ден

Наместо здодевен ден на село, Илина е вовлечена во една голема авантура: шумскиот трол Папрат ја бара нејзината помош за да ги спаси скаменетите пријатели од една лоша вештерка. Но ништо не е баш така како што изгледа во свет каде што гатачките не ја знаат иднината, враните никако да се најадат, на мачорите навидум сѐ им е јасно, а бои и мириси се собираат во теглички.

ШИФРА: 506
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

266

Година на издавање

2023

Хана Корнети (1992, Скопје) паралелно дипломирала Философија и Историја на ОДТУ, Анкара, а магистрирала Културолошки студии на универзитетот Сабанџи, Истанбул. И Македонија и Турција ѝ се дома.

Има напишано награден расказ (од „Нова Македонија“) и наградена пиеса (од Здружението на драмски писатели и сценаристи), додека неколку нејзини раскази се издадени во меѓународни електронски списанија.

По деби збирката со раскази „Млечни заби“, ова е нејзина прва проза за деца.