Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во светот на Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, горчина и саркастични размисли за животот, љубовта и предавството. Со ограничен физички простор, но бескрајно активен внатрешен монолог, Валдо се сомнева дека неговата сопруга има афера со неговиот поранешен пријател. Така започнува психолошка игра на манипулации, каде што читателот постојано се прашува: дали Валдо е жртва, или тој е вистинскиот манипулатор?
Романот е краток по обем, но содржински густ. Курејши, како и во своите претходни дела, не се воздржува од провокации – отворено зборува за телото, желбата и немоќта, со стил полн со иронија и остроумие. Ништо тука не е пристојно: ниту карактерите, ниту разговорите, ниту мислите. Приказната е полна со театрални пресврти, злоба и груба искреност, а нараторот, очајнички духовит и опасно самосвесен, не дозволува да ја тргнете книгата од раце.
„Ништо“ е кратка, боцкава медитација за смртноста, исполнета со нихилистичка наслада. „Ништо“ е како шлаканица: болна, но тешко ќе ја заборавите!!!

КРЕАТИВНА ЕВРОПА










