Бернхард Шлинк (1944г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература.

Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. Во еден од неформалната крими трилогија, Гордиевата врвка, можат да уживаат и македонските читатели.

За својот прв роман со некриминална тематика, Читачот, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк ги добива наградите Hans-Fallada-Preis, италијанската награда за литература Grinzane Cavour, како и наградата на Франција за преводна литература Prix Laure Bataillon. Како круна на успехот, романот стигнува до првото место на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс.

ИЛИ-ИЛИ ги објави и прозните остварувања на Шлинк кои следеа: романите Враќање дома, Викенд, Жената на скалите, Олга, како и збирките раскази Бегства од љубовта, Летни лаги и Боите на збогувањето.

  • Боите на разделбата

    „Боите на разделбата“ е збирка од девет раскази за разделбите што тешко нѐ погодуваат, за разделбите што нѐ ослободуваат, за успешните и за разочарувачките љубови, за довербата и предавството.

    Ова се приказни за луѓе во различни фази од животот, за нивните стравови и надежи.

    Девет раскази, девет извонредни камерни игри во кои Шлинк ни прикажува како луѓето се повредуваат, со или без намера, приказни што изненадуваат, вознемируваат, но и приказни што носат радост.

    Приказни напишани со јасен и смирен јазик, во коишто се спакувани цели животи.

    350,00 ден
  • Жената на скалите

    Жената на скалите е храбро, силно емоционално дело што кружи околу големите теми: загуба, привид, љубов, отуѓување и смрт“.

    Њуз

    „Прекрасно раскажан роман, без напрегања, роман за правото и моралот, за големите чувства и горчливите разочарувања“.

    Ди Зидостшвајц

    „Типична Шлинковска приказна, напишана во неговата типично едноставна, прекрасна проза“.

    Аугсбургер Алгемајне

    299,00 ден
  • Гордиевата врвка

    Георг Полгер, некогашен адвокат во Карлсруе, почнува да работи како слободен преведувач на југот на Франција. Се снаоѓа како знае и умее, повеќе лошо отколку добро, додека по чуден пат не стане шеф на преведувачкото биро специјализирано за преведување на техничка документација, а особено на документација за конструкција на борбени хеликоптери. Мислејќи дека конечно ги решил сите животни проблеми, Полгер почнува да паѓа во вртлог од случувања во кои станува главен играч на сложени, повеќеслојни шпионски игри кои се водат помеѓу руските, полските и американските тајни служби.

    “Прозата на Шлинк ја прави мајсторска пред се нејзината интелигенција. Тоа е интелигенција на здравиот разум, која доаѓа до израз низ способноста на читателот пластично да му се прикажат запрашаноста на јунакот и врските меѓу нештата.” Тилман Краусе, Die Welt, Берлин

    “Бернхард Шлинк е одличен раскажувач кој со јаснотија и трезвеност на судија ја води приказната кон самиот крај. А тој крај е исто толку логичен колку и изненадувачки.” Рајнер Шмуц, Focus, Минхен

    250,00 ден
  • Викенд

    Бернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.

    Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.

    Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.

    200,00 ден370,00 ден
  • Олга

    „Шлинк беше и остана автор за читатели кои сакаат интелигентно раскажани приказни. Таквите читатели нема да бидат разочарани од Олга“.

    Tages-Anzeiger, Zurich

    „Во овој возбудлива роман Бернхард Шлинк ги оживува последните траги на една неисполнета љубов, со неговиот препознатлив печат – софистицираната носталгија“.

    Le Nouvel Observateur

    „Со овој роман авторот на бестселерот „Читачот“ им оддава признание на сите жени кои биле потиснати во своето време и кои можеле да извршат големи дела“.

    Vocable, Maubeuge

    390,00 ден
  • Летни лаги

    Лагата и вистината ги означуваат различните, понекогаш дури и спротивставени поимања на реалноста. Што е лага, а што вистина не е секогаш лесно да се одреди, посебно не, кога се доведува во прашање сопствениот начин на живот. Оној кој лаже, може да се убеди себеси и другиот во таа лага, само доколку и самиот верува во неа и се чувствува навреден, кога другиот ќе го нарече лажго.

    „Кој не умее да лаже, не знае што е вистина“, вели Заратрустра на Ниче.

    Бернхард Шлинк се соживува и воздржува во раскажувањето. Со својот трезвен и ненакитен јазик тој успева да не допре и да не внесе во своите раскази. Тој го познава својот занает.

    390,00 ден
  • Враќање дома

    Романот „Враќање дома“ е од типот ‘романи за романот’, но во една мошне оригинална смисла: главниот лик трагајќи по фиктивниот лик од книгата што ја читал во детството (не заборавајте дека и тој е фиктивен, иако Шлинк ве принудува да мислите оти е реален!) го пронаоѓа ‘стварниот ‘ автор кој истовремено е и негов биолошки татко!

    Совршено смислено, стрпливо и интелигентно раскажано.

    „Враќање дома“ е модерна ‘Одисеја’, по малку постмодернистички ситуирана во Хомеровата.

    399,00 ден
  • Бегства од љубовта

    По големиот успех со романот „Читачот”, Бернхард Шлинк со збирката раскази „Бегства од љубовта” го потврдува водечкото место ма актуелната германска книжевна сцена. Шлинк е брилијантен раскажувач кој приказната ја води со јасност и трезвеност се’ до самиот крај. Овој крај е консенквентен и секогаш изненадувачки.

    Различните состојби во љубовта, бегството од љубовниот копнеж или неговото потиснување, скриената или откриената љубов, бесперспективната моќ на навиките, Шлинк ги опсервира како прецизен набљудувач, фрлајќи поглед и зад фасадата. Толку богати со различности како во вистинското секојдневие, јунаците на неговите приказни откриваат колку љубовниот копнеж може да биде судбоносен.

    Седумте раскази во оваа збирка се истовремено прикази од големиот град, како средиште на емотивното, социјалното, културното битисување на современиот човек, и приказ за изгубената генерација, која постојано се сопнува од товарот на своето минато.

    350,00 ден
  • Читачот

    Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, „Читачот” е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува, роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја редефинира наративната маршрута.

    Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае кон каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето”, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметаат дека книжевното писмо не може да изненади“.

    Оливера Ќорвезироска

    350,00 ден