Совршен поетски пакет за ова лето!
Драги читатели,
продолжуваме со летните попусти на нашите изданија, овој пат со фокус на поезијата.
Од 21 јули до 2 август ќе бидете во можност да ја имате речиси целата наша едиција „Поеза“ (без стихозбирките кои се распродадени), односно 11 книги за само 1370 денари!
Реалната вредност на книгите е 3120 денари, што значи, добивате летен попуст од 56% 😉
Во овој вреден поетски пакет се вклучени: капиталното издание со над 700 страници на собраната поезија на Игор Исаковски – поетот на бескомпромисноста, искреноста и слободата; поезијата на светски реномираниот Георги Господинов, во препев на Никола Маџиров; поетските книги, добитнички на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, од Лидија Димковска и Зоран Анчевски; уникатниот поетски глас од Словенија на Алеш Мустар; поетскиот номад од Швајцарија – Никола Бувје; безвременските рубаии на персискиот мислител, поет и научник Омер Хајјам; стиховите исполнети со живот и страст на Александар Русјаков; бескомпромисните пoетски приказни на Цветанка Колева; како и двете поетски книги – поетското наследство на незаборавната Горана Митровиќ.
Или, по наслови:
Совршен поет, Игор Исаковски
Таму каде што не сме, Георги Господинов
Гранична состојба, Лидија Димковска
Збунети компаси, Зоран Анчевски
Средни години, Алеш Мустар
Однадвор и однатре, Никола Бувје
Рубаии, Омар Хајјам
Голтка восхит од солзите на вечноста, Александар Русјаков
Ти, моја, безмилосна една, Цветанка Колева
Клупа меѓу светови, Горана Митровиќ
Далечини, Горана Митровиќ
ВАЖНА НАПОМЕНА: Доколку нарачувате онлајн, за да го поедноставиме процесот, Ве молиме нарачајте ги само првите два наслова, „Совршен поет“ од Игор Исаковски и „Таму каде што не сме“ на Георги Господинов (1370 денари со бесплатна карго достава), а ќе го добиете целиот комплет поетски книги од промотивниот пакет!
Ви благодариме, и Ве очекуваме 😉

КРЕАТИВНА ЕВРОПА