Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2008 |
Број на страници | 206 |
Превод/Препев | превод од германски: Ксенија Чочкова |
заштеди
230,00 денКнигата на таткото
100,00 ден330,00 ден
„Книгата на таткото“ претставува некролог на своеволието, оддалеченост од реалноста и опседнатост со литературата на еден фанатичен човек, кој го заборава светот околу себе и кој имал среќа да и’ го препушти реалниот живот на својата жена. Затоа оваа книга воопшто не е книга на таткото, туку е роман за еден човек, кој се вљубува во литературата.
Во ова литерарно изјавување на љубов, Видмер, за инает на целата семејна трагичност, дава еден иронично ведар тон и притоа умешно ги поврзува семејната хроника и историјата.
Урс Видмер е роден 1938 година во Базел, во семејство каде со генерации се негувала литературата. Студирал Германистика, Романистика и Историја, најпрво на Универзитетот во родниот град, а потоа и две години во Париз. Докторирал на тема „Германската литература по војната”. До 1968-та работел како лектор во двете најугледни швајцарски издавачки куќи, а откако заедно со уште неколку колеги ја формираат „Издавачка куќа на авторите”, и самиот решава да стане автор.
Во 1985 година ја добива главната награда од фондацијата на швајцарски писатели за неговото севкупно творештво, а во 90-те станува член на германската академија за јазик и поезија, која исто така му доделува награда за целиот книжевен опус.
Негови најзначајни дела се: „Швајцарски приказни”, „Индијанско лето”, „Рајот на заборавањето”, „Љубениот на мајката” и „Книгата на таткото”.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.