Лукас Берфус е роден во Тун, Швајцарија, во 1971 година и е еден од најуспешните драматурзи кои се појавиле во германското јазично подрачје во последните години. Неговите драми се играат насекаде низ светот, а во 2005 година Берфус беше избран за драматург на годината во анкета спроведена од списанието „Theater heute“.
За своите дела добитник е на повеќе значајни меѓународни награди и признанија. Живее и работи во Цирих.
„Сто дена“ е негов прв роман.
-
Сто дена
Дејството на „Сто дена“ се случува во Руанда во 1994 година, во период на граѓанска војна во која е извршен масакр на над половина милион луѓе. Главникот лик е Швајцарец кој оди во Руанда во политичка мисија и одеднаш се наоѓа во срцето на војната. Поминувајќи низ низа возбудливи и шокантни епизоди, главниот лик полека ја исцртува големата и сложена слика на Лукас Берфус за природата на насилството и за бесмисленото страдање.
Ова е исклучително моќен и трогателен роман кој ги прикажува поразителните последици на современата Западна политика и се осврнува на човечките трагедии кои остануваат речиси потполно незабележани во бесчувствителниот и безмилосен свет во кој живееме.
Заради храбрите теми и заради својот иновативен уметнички стил, „Сто дена“ беше во најтесната конкуренција за повеќе еминентни германски книжевни награди.
330,00 ден