Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2012 |
Број на страници | 257 |
Превод/Препев | превод од норвешки: Искра Бадева |
Берлински тополи
350,00 ден
Тројца неверојатно различни браќа се собираат околу смртната постела на нивната мајка. Најстариот син Тор ја води семејната фарма, Маргидо поседува мало погребно биро, а Ерленд работи како декоратер на излози во Копенхаген. Тие долги години се немаат видено, и оваа средба за сите тројца станува судбоносна.
„Берлински тополи” е роман за обидот да се поткопаат сопствените корени, само за да се открие дека тие се протегаат подлабоко отколку што се верувало, но и за тоа дека одненадеж може да се откријат корени за кои не се ни претпоставувало дека постојат.
Распродадено
Ане Б. Рагде (1957) дебитира во 1986 година со книгата за деца „Здраво! Еве сум!”, додека првиот роман за возрасни „Тигар за еден ангел” е објавен во 1990 година.
Подоцна има издадено повеќе романи и збирки раскази, меѓу кои „Пред да се вратам назад” (1994), „Однесување на дното” (1997), „Кулата со арсен” (2001), „Позиција на фетус” (2001) и „Берлински тополи” (2004), за која ја има добиено наградата Riksmolsprisen.
„Берлински тополи” е преведена на 15 јазици и според неа е снимена ТВ серија со голема гледаност во Норвешка.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.