Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2006 |
Број на страници | 180 |
Превод/Препев | превод од италијански: Анастасија Ѓурчинова |
Невидливи градови
299,00 ден
Оваа неодолива збирка раскази, напишана врз една позната матрица – патописната проза „Милион“ од Марко Поло, ги содржи описите на најчудесните градови што Марко ги „видел” на своите патувања, а кои потоа му ги прераскажува на својот господар – Кублај Кан.
Секој град кај Калвино носи име на една жена, која го заведува читателот со своите необични облици, конструкции и варијанти, како и со тајните соодноси меѓу нештата кои навидум изгледаат неспоиви. Градовите во оваа книга, кои се лебдечки, пловечки, висечки, небесни или подземни, се извонредна можност за авторот преку нив да ја искаже својата најдлабока рефлексија за светот и животот воопшто.
Сликата и симболот на градот кај Калвино се разработени од најразлични можни аспекти, а сите опишани градови се вклопени во заедничка мрежа, во една строга и прецизна структурна форма, претставувајќи извонреден пример за постмодерната ars combinatoria.
Out of stock
Итало Калвино (1923-1985), раскажувач и романсиер, чиј експериментален начин на раскажување го направи еден од најзначајните постмодерни италијански писатели во втората половина на 20 век. Роден е во Куба, но неговата инспирација и земја од соништата уште од преселбата во младоста е Италија.
По неколкуте новинарски ангажмани, го трасира својот пат во литературата, прво со неколку збирки раскази, а подоцна и со своите прекрасни романи. Добитник е на многу значајни книжевни награди во Италија и Европа, а негови најпознати дела се: „Набљудувачот и други раскази“ (1958), „Космокомики“ (1965), „Т со нула“ (1967), „Невидливи градови“ (1972), „Ако една зимска ноќ некој патник“ (1979), „Господинот Паломар“ (1983) и збирката есеи „Шест белешки за следниот милениум“, издадена постхумно.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.