Кристоф Рансмаер е роден во 1954 година во Велс, Австрија. Работел како професор по филозофија и како новинар во повеќе европски весници и списанија, а своите први книжевни дела ги објавува во осумдесетите години.

Рансмаер е еден од најнаградуваните современи автори од германското јазично подрачје – ги добил наградите „Франц Кафка“ (1995), „Хелдерлин“ (1998), „Големата австриска награда за книжевност“ (2004) и многу други. Пишува романи, раскази и есеи.

Светска слава стекнал со романот „Последниот свет“. Автор е на романите „Ужасите на мразот и мракот“, „Morbus Kitahara“, „Невидливо“, „Тирада на три плажи“, „Летечка планина“ и други.

Живее и твори во Виена.

  • Последниот свет

    Романот „Последниот свет“, прогласен од критиката за ремек дело и за еден од најзначајните романи на нашето време, е приказна за потрагата на еден млад човек по прогонетиот поет Публиј Овидиј Насон и неговото изгубено дело.

    Помеѓу насилството на бирократијата, страдањата на поетот и вечноста на уметноста, Рансмаер создава визионерски пејзаж, преобразен простор во кој се спојуваат античкиот и современиот свет.

    „Последниот свет“ го внесува читателот во универзум управуван од моќта на митологијата, во свет на распаѓање што се наоѓа на еден чекор од апокалипса.

    100,00 ден350,00 ден