Ане Б. Рагде (1957) дебитира во 1986 година со книгата за деца „Здраво! Еве сум!”, додека првиот роман за возрасни „Тигар за еден ангел” е објавен во 1990 година.

Подоцна има издадено повеќе романи и збирки раскази, меѓу кои „Пред да се вратам назад” (1994), „Однесување на дното” (1997), „Кулата со арсен” (2001), „Позиција на фетус” (2001) и „Берлински тополи” (2004), за која ја има добиено наградата Riksmolsprisen.

„Берлински тополи” е преведена на 15 јазици и според неа е снимена ТВ серија со голема гледаност во Норвешка.

  • Берлински тополи

    Тројца неверојатно различни браќа се собираат околу смртната постела на нивната мајка. Најстариот син Тор ја води семејната фарма, Маргидо поседува мало погребно биро, а Ерленд работи како декоратер на излози во Копенхаген. Тие долги години се немаат видено, и оваа средба за сите тројца станува судбоносна.

    „Берлински тополи” е роман за обидот да се поткопаат сопствените корени, само за да се открие дека тие се протегаат подлабоко отколку што се верувало, но и за тоа дека одненадеж може да се откријат корени за кои не се ни претпоставувало дека постојат.

    350,00 ден