Љубениот на мајката

Од (автор)Урс Видмер

230,00 ден

„Љубениот на мајката” е голема, вознемирувачка приказна, во која честопати ќе се соочите со горчливиот вкус кој со себе го носи реалноста, меѓутоа, Видмер е раскажувач со таква елеганција, леснотија и хумор, што дури и ова тажно набљудување на мајката, главниот лик во романот, претставува вистинско задоволство за читателот.

Стравот, осаменоста, загубата, загриженоста – тоа се состојбите што тој ги опишува на виртуозен начин, секогаш вметнувајќи трошка надеж, која цело време ја чувствува и раскажувачот, кој најдобро знае дека мајчината љубов е залудна.

Ова е грациозна, мала книга, која не треба да ја пропуштите.

Распродадено

ШИФРА: 14
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2007

Број на страници

130

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Урс Видмер е роден 1938 година во Базел, во семејство каде со генерации се негувала литературата. Студирал Германистика, Романистика и Историја, најпрво на Универзитетот во родниот град, а потоа и две години во Париз. Докторирал на тема „германската литература по војната”.

До 1968-та работел како лектор во двете најугледни швајцарски издавачки куќи, а откако заедно со уште неколку колеги ја формираат „Издавачка куќа на авторите”, и самиот решава да стане автор. Во 1985 година ја добива главната награда од фондацијата на швајцарски писатели за неговото севкупно творештво, а во 90-те станува член на германската академија за јазик и поезија, која исто така му доделува награда за целиот книжевен опус.

Негови најзначајни дела се: „Швајцарски приказни”, „Индијанско лето”, „Рајот на заборавањето”, „Љубениот на мајката” и „Книгата на таткото”.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.