Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2013 |
Број на страници | 444 |
Превод/Препев | превод од српски: Ацо Пероски |
заштеди
150,00 денКако да се упокои вампир
300,00 ден450,00 ден
Романот „Како да се упокои вампир“, базиран на личните искуства на Пекиќ од неговата петгодишна робија, е напишан во 1977 година, а објавен е како победник на анонимен конкурс за најдобро прозно дело. Веднаш по откривањето на идентитетот на авторот, романот е забранет и, иако доживува превод на многу странски јазици, на српски е реобјавен дури во деведесеттите години на 20 век.
Борислав Пекиќ (1930-1992) е еден од најзначајните и најценетите српски интелектуалци на 20 век. Автор е на голем број драми, раскази, филмски сценарија, есеи, мемоарски книги и записи, а централно место во неговиот голем опус заземаат неговите романи „Беснило“, „Атлантида“, „1999“, „Време на чуда“, „Златно руно“ (во 7 тома) и „Како да се упокои вампир“.
Заради своите политички ставови, Пекиќ бил апсен, затворан, а подоцна и прогласен за persona non grata во Југославија. Од 1971 година живее во егзил во Лондон, а неговите дела се забранети за објавување, така што поголемиот дел од неговите книги се објавувани под псевдоним, илегално или постхумно.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.