Видео запис од промоцијата на „Засолниште во времето“

За Георги Господинов годинава беше исполнета со промотивни настани поврзани, најчесто, со неговиот актуелен роман „Засолниште во времето“, проследен со еден куп признанија и награди.

Затоа ни е многу драго што го имавме тоа задоволство на 1 декември, како добри домаќини, да го пречекаме и во Скопје.

На промотивната вечер во МКЦ сите работи си беа на место: прекрасни промотори, уште попрекрасна многубројна публика, и единствениот – Георги Господинов!

Еве го видеото кое оние што беа присутни ќе ги потсети на убавите моменти на настанот, а оние што од оправдани причини не успеаја да дојдат, да ја почувствуваат магијата во таа прводекемвриска незаборавна книжевна вечер.

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна