Промоција на романот „Коулун“ од Јана Узунова

Промоција на романот „Коулун“ од Јана Узунова

На 30 октомври во МКЦ од 20 часот ќе се одржи промоцијата на новиот роман „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова. Промотор ќе биде Стефан Алијевиќ. Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни […]

Промоција на „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски

Промоција на „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје во вторник (13.10) во 20 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски, во издание на „Или-Или“. Низ разговор со авторката книгата ќе ја претстави Сања Михајловиќ-Костадиновска. „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски е книга што уште со насловот го најавува […]

Промоција на „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова

Промоција на „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова

Почитувани, со големо задоволство ве каниме на промоцијата на книгата „Пустинско срце: петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова, книга што предизвика голем интерес ова лето. Со авторката во „Лабораториум“ в четврток во 20 часот ќе разговараат Наташа Атанасова и Александар Маџаровски. Петнаесет години Ана Пејчинова живеела и работела во Авганистан, од првите години по […]

Промоција на романот „Јета“

Промоција на романот „Јета“

Драги читатели, Ве каниме на промоцијата на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска во четврток, од 18ч30м, во бистро „Комедија“. „Јета“ е роман што навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, но и во сложените конструкции на личниот, националниот, верскиот и женскиот идентитет. Приказната е поставена во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија […]

Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“

Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“

Почитувани, На 2 април (четврток), од 20 часот, во МКЦ–галерија ќе се одржи помоцијата на книгата со раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска. Збирката е објавена неодамна во популарната едиција ПРОаЗА, како книга бр. 246. Низ разговор со авторката, книгата ќе ја промовира писателот Иван Шопов. „По два романа и една книга за деца, со „Ништо […]

Промоција на вториот дел од серијалот со суперхероината Илина

Промоција на вториот дел од серијалот со суперхероината Илина

Драги читатели, дојдете во „Вудсток“ во сабота (20.12) во 17 часот да прославиме НОВА КНИГА и НОВА ГОДИНА! За мали и големи деца, нашата Илина се враќа со нови авантури во „Илина и тајните на Бабин Заб“. Предновогодишно, од нас за вас, ќе го промовираме вториот дел од серијалот за Илина, Папрат, Вирџинија и целата […]

Собрана поезија од Игор Исаковски

Собрана поезија од Игор Исаковски

Драги читатели, пријатели и почитувачи на Игор Исаковски, На 19 септември, денот кога е роден пред 55 години, ќе ја претставиме книгата со севкупното поетско творештво на Игор, книга од 700 страници што ќе преставува книжевен паметник за една од највозбудливите појави во македонската поезија. По тој повод, Ве каниме на неформална дружба во негова […]

Put your shoes, and GO!

Put your shoes, and GO!

На синоќешната промоција на „Кон езерото“ и „Граница“ во „Буква“, писателката Капка Касабова раскажуваше за своето искуство при пишувањето на книгите. Таа истакна дека ние овде, на Балканот, многу повеќе говориме отколку што слушаме. Уметноста на слушањето, според неа, е онаа која секој писател треба да ја поседува. „При пишувањето, претпочитам искуственост, односно, како се […]

Капка Касабова во Скопје!

Капка Касабова во Скопје!

Драги читатели, со особена радост Ве информираме дека на 20 август, од шкотските гори во Скопје ни доаѓа феноменалната Капка Касабова! Со светски прославената авторка на документаристичка проза ќе зборуваме за „Кон езерото“ и „Граница“, преведени на македонски јазик, но и за „Еликсир“ и „Анима“ со кои Капка ја заокружи замислената балканска тетралогија, а за […]

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Драги читатели, повелете линк од промоцијата на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Ова е добра можност за сите оние што не беа присутни на настанот на 23 април да видат и чујат што се зборуваше за книгата, и секако, за присутните да се потсетат на оваа убава книжевна вечер во кафе-книжарницата „Буква“.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна