Промоција на романот „Јета“
Драги читатели,
Ве каниме на промоцијата на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска во четврток, од 18ч30м, во бистро „Комедија“.
„Јета“ е роман што навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, но и во сложените конструкции на личниот, националниот, верскиот и женскиот идентитет. Приказната е поставена во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија и денешна Македонија, отворајќи простор за размислување за соживотот, различноста и човечкото достоинство. Во центарот на романот е ликот на Кадрије, позната по своето тајно партизанско име Јета – Албанка од муслиманско семејство од Македонија, која учествувала во Втората светска војна, а подоцна сама ги израснала своите деца како самохрана мајка.
Книгата ќе ја промовира Олгица Крстевска.
Ве очекуваме.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА