Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

На 06 септември се одржа промоцијата на новата збирка раскази од Игор Анѓелков, „Двојна експозиција“. Промотори на книгата беа Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а музички настап имаше актуелниот скопски пост-панк бенд „Хајка“. Повелете видео-запис од настанот 😉

Промоција на „Естом“ од Николина Андова Шопова

Промоција на „Естом“ од Николина Андова Шопова

Со задоволство Ве информираме дека вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, како дел од фестивалот „АртAреа 6“, ќе биде промовиран новиот роман „Естом“ од Николина Андова Шопова, кој излезе неодамна како 212 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“. Промотор на книгата ќе биде Владимир Јанковски, кој во освртот кон книгата пишува: “Романот „Естом“ е книга […]

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Почитувани читатели, ја најавуваме промоцијата на неодамна објавената збирка раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков во вторник, 06 септември, во МКЦ Клуб ресторанот со почеток во 20 часот. Промотори се Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а музички настап ќе има актуелниот скопски бенд „Хајка“. Дојдете на убава дружба, Ве очекуваме 😉  

Видео запис од промоцијата на “Тупаници“

Видео запис од промоцијата на “Тупаници“

Вечерта на 27 август навистина беше прекрасна. Во „Буква“ не’ посетија многу студенти од Катедрата за италијански јазик, а со свое присуство не’ почести и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. Пјетро Гроси беше во вистинска форма, „испровоциран“ од прашањата на одличните промоторки Ирина Талевска и Катерина Сотирова. Погледнете како помина промоцијата на одличната книга „Тупаници“ 😉 […]

Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси

Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси

Почитувани читатели,  Ве покануваме во сабота во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. Книгата ќе ја промовираат Ирина Талевска и Катерина Сотирова, која воедно е и преведувачка на делото на Гроси.   Критиката за овие исклучителни приказни не штедеше зборови:   „Пјетро Гроси напиша […]

Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Иако културната мапа на Скопје таа вечер изобилуваше со настани, гостувањето на полскиот писател Миколај Гринберг предизвика внимание, особено кај љубителите на квалитетната литература. Во „Буква“ на 18 август се случи уште една прекрасна промоција на книга благодарение на одличните протагонисти: промоторката Лидија Димковска со луцидните прашања, преведувачката Лидија Танушевска и нејзиниот јазичен перфекционизам, и […]

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Почитувани читатели,Ве покануваме во четврток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на збирката раскази „Еврејска работа“ со присуство на полскиот писател Миколај Гринберг. Книгата ќе ја промовира нашата позната писателка Лидија Димковска.   Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи […]

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Прекрасна промоција се случи на 17 јуни во „Буква“, кога ни гостуваше популарната унгарска писателка Кристина Тот. Промотори на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“ беа Калина Малеска и Николина Андова-Шопова. Повелете видео запис од настанот. #CreativeEurope4Books

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Видео запис од промоцијата на романот „Молчи со отворена уста“

Точно по половина година од промоцијата на книгата „Молчи со отворена уста“, вториот роман на Снежана Младеновска Анѓелков, кој во меѓувреме влезе во финалето на наградата “Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“, се потсетуваме на таа прекрасна вечер во МКЦ Клуб ресторанот преку видео запис од настанот. Повеќе за книгата и авторката, на следниот […]

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

На 08 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на втората есеистичка книга за седмата уметност од Игор Анѓелков, „Филмски град“. Промотори се Стефан Сидовски и Оливера Ќорвезироска. Почеток во 19.30. Повелете 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна