Видео запис од промоцијата на едицијата „Арго“

На 22 декември во „Europe house“ во Скопје се одржа промоцијата на трите книги објавени во едицијата насловена „Арго“.

Едицијата „Арго“ е „најмладата“ наша библиотека, која засега брои три книги преведени од класичните јазици: „Вистинска приказна“ од Лукијан од Самосата (превод од старогрчки), „Медеја“ од Л.А. Сенека (препев од латински) и „Втора филипика“ од М.Т. Кикерон (превод од латински). Сите книги се во превод на Светлана Кочовска Стевовиќ.

За книгите на промоцијата зборуваа Весна Димовска (Институт за класични студии), Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност) и Дарин Ангеловски (Институт за македонска литература).

Повелете видео запис од промоцијата:

#CreativeEurope4Books

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна