Промоција на едицијата „Арго“

Драги читатели,

со големо задоволство ве покануваме на промоцијата на трите книги од едицијата „Арго“ во четврток (22 декември) од 19 часот, во „Europe house“ во Скопје.

Едицијата „Арго“ е „најмладата“ наша библиотека, која засега брои три книги преведени од класичните јазици: „Вистинска приказна“ од Лукијан од Самосата (превод од старогрчки), „Медеја“ од Л.А. Сенека (препев од латински) и „Втора филипика“ од М.Т. Кикерон (превод од латински). Сите книги се во превод на Светлана Кочовска Стевовиќ.

За книгите на промоцијата ќе зборуваат: Весна Димовска (Институт за класични студии), Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност) и Дарин Ангеловски (Институт за македонска литература).

Се гледаме 😉

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна