„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – промотивни гостувања

„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – промотивни гостувања

Драги читатели, во претходниот период ИЛИ-ИЛИ го реализираше проектот „Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија. Македонската читателска публика доби десет исклучителни литерарни дела од различни жанрови на исто толку современи европски автори. Желбата ни беше повеќето од нив да ги донесеме во живо, на промоции […]

„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – жанровска литература

„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – жанровска литература

Во рамките на проектот „Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, меѓу десетте исклучителни преводи, се најдоа четири дела од различна жанровска провиниенција. Погледнете го видеото во кое ги претставуваме токму овие книги: #CreativeEurope4Books

„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – прозни дела

„Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ – прозни дела

Во рамките на проектот „Европска литература: Зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, меѓу десетте исклучителни преводи, се најдоа шест прозни дела. Впрочем, најголем фокус во издавачката дејност на ИЛИ-ИЛИ е насочен токму кон едицијата „ПРОаЗА“, од која станаа дел и романите и збирките раскази од неколку современи […]

Видео запис од промоцијата на „Засолниште во времето“

Видео запис од промоцијата на „Засолниште во времето“

За Георги Господинов годинава беше исполнета со промотивни настани поврзани, најчесто, со неговиот актуелен роман „Засолниште во времето“, проследен со еден куп признанија и награди. Затоа ни е многу драго што го имавме тоа задоволство на 1 декември, како добри домаќини, да го пречекаме и во Скопје. На промотивната вечер во МКЦ сите работи си […]

Георги Господинов во Скопје!

Георги Господинов во Скопје!

Почитувани читатели, по фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа и светот, Георги Господинов, на радост на бројните читатели, доаѓа во Скопје! Промоцијата ќе се одржи на 1 декември во кино Фросина (МКЦ) од 21 часот. Модератор на разговорот ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки на книгата […]

Документарен филм „Еуропеана“

Документарен филм „Еуропеана“

Погледнете го документарниот филм како заокружување на нашиот тригодишен проект „Еуропеана“, за важноста на современата европска литература и нејзиното влијание врз локалната книжевна сцена, со изјави од македонски писатели и преведувачи, но и од европските автори, кои во изминатите години беа наши и Ваши гости.  

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

На 25 август во „Ла Кања“ го промовиравме интригантниот роман „Крајот“ во присуство на авторот Атила Бартиш. Еве видео запис за сите оние кои ја пропуштија оваа фина книжевна вечер во чаршија. Преводот и промоцијата на книгата се дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Драги читатели, Ви благодариме за присуството во голем број на 22 август во „Ла Кања“ во Скопската чаршија,  на промоцијата на романот „Род“ од авторот Миљенко Јерговиќ. Во продолжение видеото од настанот за оние кои го пропуштија, но пред тоа, уште едно потсетување на основните работи за овој magnum opus на популарниот писател. *** „Род“ […]

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

На 03 јуни, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, наш и Ваш гостин во Скопје беше талентираниот португалски писател Бруно Виејра Амарал. Преводот на неговиот одличен роман „Првобитните нешта“ наиде на одличен прием кај домашните читатели. Повелете видео од промоцијата.

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот. Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна