Роден на 18 август 1922 година во Брест, во западна Франција, образуван за агроинженер, Ален Роб-Грије поминал долг пат од оспоруван писател, па сè до членство во Француската академија. Уште во 1949 година, кога го објавил својот прв роман „Краломорство”, се насетиле контурите на новата книжевна насока.
Веќе во 1953 година ќе следи неговото најславно дело „Гумички”, потоа „Воајер”(1955), а во 1963 година ги обликува своите теориски концепти во делото „За еден нов роман”.
Автор е и на романите „Во лавиринт”(1959), „Куќа за средби”(1965), „Нацрт за револуција во Њујорк”(1970), „Типологија на фантомското фантомското место” (1976) и други.
-
Куќа за средби
Според Ален Роб-Грије, пишувањето е соочување со самиот себеси. Тој го расчленува раскажувањето на романот за да создаде впечаток на „симултаност од различни точки на гледања”. Со еден збор, се откажува од сезнаечкото и однапред конципирано раскажување и ја прифаќа сосотојбата на недоверливост и несигурност. За стилскиот израз на Роб-Грије како мошне важна се истакнува тактилноста и чувствителната фрагментарност додека се текстуализира „текот на нештата”.
Романот „Куќа за средби” потврдува зошто Грије, кој се смета за водечки теоретичар и практичар на нуво роман, е еден од најконтраверзните и најоспоруваните автори во поствоената ера. Во „Куќа за средби”, мајсторот на „новиот роман” создава свет на злосторство, интриги и страст кои се случуваат во мистериозната Вилла Блеуе, со која раководи Леди Ава.
Сместено во Хонг Конг, дејствието на романот се одвива во текот на една вечер, но настаните од вечерта периодично се повторуваат од различните перспективи на ликовите. Роб-Грије создава едно „разложено” дело кои ја доведуваат во прашање преставата за субјективност и објективност, имагинација и факти, како и целата постапка на раскажување
299,00 ден