Од 29 ноември во Или-Или!
Кога Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија, на 4 мај 1980 година починал во Универзитетската клиника во Љубљана во 88-та година од животот, целата земја застанала. Луѓето биле потресени, исплашени, тажни. Починал таткото на социјалистичка, повеќенационална Југославија. Со него завршила цела една ера.
Со дистанца од 40 години, германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ напишала интересна биографија за овој необичен владател. На околу 400 страници таа пишува за комплексниот, но и многу флексибилен политички лик, типичен производ на ерата на крајностите, што Тито лично ја доживеал и во чиешто обликување учествувал.
Пред својата смрт Тито важел за меѓународно признат државник. Денес многумина го сметаат за брутален диктатор. Но, што бил тој навистина? Мари-Жанин Чалиќ ја открива историската личност зад легендите и ја раскажува приказната за еден авантуристички живот што го отсликува подемот и падот на Југославија.