Дејвид Гилмор (1949) е роден и живее во Канада. Работел како филмски критичар и новинар, подоцна почнал да пишува и романи, а денес е професор на Универзитетот во Торонто.

Голем дел од кариерата на Гилмор се потпира врз неговите телевизиски емисии и написи во списанија посветени на филмската уметност и важи за еден од водечките канадски експерти за филм.

Но, тој е многу успешен и како писател. Своите први романи ги објавува уште во осумдесеттите години на минатиот век, а голем успех постигнал со „Совршена ноќ за патување во Кина“ (2005) и „Совршениот поредок на нештата“ (2011).

Сепак, негово најпознато дело е мемоарската книга „Филмски клуб“ (2007), која важи за бестселер и е преведена на десетина светски јазици.

  • Филмски клуб

    „Приказна за татко и син во 117 филмови. Прекрасен приказ како момчињата созреваат во мажи.“

    Гардијан

    „Ова е книга за филмовите и за тоа како тие можат да го обликуваат нашиот живот. Исто така, ова е книга за родителството и за тоа колку многу влијаеме врз животите на нашите деца.“

    Буклист

    „Доколку сакаш да созрееш, освен секојдневното животно искуство, сосема препушти ѝ се на Седмата уметност, таа може да те однесе на неверојатни места. Токму тоа и го прават двата главни лика во оваа прекрасна книга. Гледајте филмови, можеби ќе ви го сменат животот!“

    Игор Анѓелков

    299,00 ден