Кристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска книжевност. Поминала две години на стипендија во Париз. Од 1994 до 1998 година работела во Францускиот институт во Будимпешта.

Има добиено неколку книжевни награди, а нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира и витражи.

Позначајни нејзини дела се: „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, ИЛИ-ИЛИ), „Аквариум“ (2013, роман), „Светски адаптер“ (2016, поезија).

  • Приказни од облаци

    Откако ИЛИ-ИЛИ имаше одлична соработка со унгарската писателка Кристина Тот на полето на прозата, издавајќи ги збирката раскази „Пиксел“ (2013) и романот „Аквариум“ (2016), овој пат на радост на најмладите читатели, на македонски јазик излегува нејзината популарна книга за деца, која наиде на одличен прием во матичната земја.

    Изданието е збогатено со цртежите на илустраторот Бибор Тимко, а издадено е со поддршка на ЕУ како дел од програмата „Креативна Европа“.

    #CreativeEurope4Books

    390,00 ден
  • Аквариум

    Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат.

    Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот.

    Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест.

    200,00 ден299,00 ден
  • Пиксел

    Секое од триесетте поглавја може да се чита како засебна приказна; приказни за љубовта, осаменоста, неуспешните обиди за комуникација и себепронаоѓање, зграпчени мигови кои откриваат решавачки моменти во нечиј живот, моменти кога неговата или нејзината судбина засекогаш е променета – или во кои се решава таа никогаш да не се промени. Овие приказни се како пиксели кои сочинуваат една поголема слика, сите карактери се појавуваат, исчезнуваат, па повторно стапуваат на сцена како танцувачи во кореографија која му е позната само на нараторот, и читателот кој константно го бара клучот и поврзаноста меѓу настаните и ликовите од приказна во приказна. Кратките средби, кратките погледи на улица можат да ги создадат истите конекции, како оние во крвните врски или љубовта меѓу родителите, децата, сопружниците или прељубниците. Поглавјата носат наслови кои евоцираат на делови од телото: приказна за окото, приказна за папокот, приказна за прстите; бележејќи дека нашето тело е она на кое е испишана приказната на нашиот живот; со скокотливи и љубовни допири или со шлаканици и гребаници.

    100,00 ден250,00 ден