Ларс Соби Кристенсен (1953) е надарен раскажувач, наратор кој е имагинативен, но и подеднакво приземјен. Неговиот реализам се наоѓа помеѓу поетската слика и генијалното дејствие, спроведен преку богат јазик од престолнината и сленг кој никогаш не е вештачки и присилен. Неговите херои поседуваат прилично многу самоиронија. Всушност, критичарите го споредуваат со црниот хумор на Вуди Ален. Но под живоста на неговите описи во книгите секогаш демне меланхолијата.
Од неговото деби со колекцијата поеми во 1976 година, Кристенсен има напишано десет збирки поезија, пет збирки кратки раскази и дванаесет романи. Неговиот голем пробив се случи токму со романот „Битлси“ (1984), кој беше прогласен за еден од најголемите комерцијални успеси во Норвешка. Успехот го повтори седумнаесет години подоцна со билдунгс-романот „Полубратот“ (ИЛИ-ИЛИ, 2013), кој доживеа и успешна тв-екранизација.
-
Битлси
Норвешките автори во последниве години наидуваат на одличен прием кај македонските читатели. Современата норвешка литература е крајно возбудлива, а меѓу имињата кои оставија длабок впечаток секако е Ларс Соби Кристенсен, кој со неговата книга „Полубратот” ја воодушеви читателската јавност. Навраќајќи се кон неговата богата библиографија, сметавме дека вредна за превод е наградуваната книга со индикативен наслов „Битлси“, за која сме сигурни дека ќе има уште поголем интерес.
Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не’ навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.
690,00 ден -
Полубратот
„Полубратот“ е приказна за двајца браќа – Фред и Барнум – кои се борат да станат исполнети поединци додека растат во ексцентрично семејство во Осло. Романот ги следи низ сите етапи на животот. Тоа е наратив со богата, жива историска основа во кој се испреплетени и неколку паралелни приказни. Овој прекрасен роман е ценет и од критичарите и од читателите. Романот има добиено многу награди, меѓу кои и наградите на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“ и „Наградата на книжарите“. Според него е снимена и многу популарна тв серија.
„Полубратот е од оној вид на големи амбициозни панорамски романи за кои мислиме дека само Американците ги пишуваат во последно време. Тој е делумно Билдунгс роман – опишувајќи го развојот на еден писател, еден вид Улис за Осло… Големо, вредно четиво.“
Daily Telegraph
590,00 ден