Дебитантскиот роман „Малечка“ на младата писателка Сара Жислер во Франција се продаде во 15.000 примероци и постигна вистинска популарност пред сѐ кај помладата читателска публика.
-
Малечка
Ова е роман кој се чита во еден здив, и каков што само може да посака еден дебитант, кој прв пат влегува во светот на книжевноста. Пишуван во стилот „Главата во облаци, а нозете цврсто на земја“, според цитатот од воведот во книгата на Саша Мафли од Les fils du facteur, авторката е многу искрена и чесна во пристапот и за себе вели:
„Денес имам дваесет и три години и ширум отворени очи. Сакав да ја напишам книгава за да ви раскажам колку е светот прекрасен, а луѓето извонредни! Но, и за оние луѓе за кои емпатијата е синоним за слабост, оние луѓе што ги ставаат расата, класата и потеклото – над човекот“.