Владимир Пиштало е роден 1960 година во Сараево, а детството и младоста ги минал во Мостар, Краљево и Белград. Дипломирал правни науки на Универɜитетот во Белград, а откако во 1993 година емигрира во САД, на Универɜитетот во Њу Хемпшир докторирал на тема: „Жонглирање со три идентитета: српски, југословенски и американски, меѓу американските Срби, 1900 – 2000 година“. Професор е по светска историја и историја на САД на „Бекер колеџот“ во Бостон.
Од 1981 година до денес ги објавил книгите: „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтеɜе“, „Витраж во сеќавањето“, „Прикаɜи од цел свет“, „Александрида“, „Милениум во Белград“, „За чудото“, „Тесла, портрет меѓу маски“ (награда „НИН“ – најдобар роман ɜа 2008 година) и „Венеција“.
-
Венеција
Метафоричното писмо на Пиштало опишува импресионистичка атмосфера во која гестуалноста на глетката пулсира, жива е, оти е претставена преку сетилото на активната имагинација (Јунг), преку духовната способност на тоа огледало за епифании (Корбен). Поетски начулено за поројот микромистерии на секојдневието, писмото на „Венеција“ е архивска треска (Дерида), оти бара внимателно, симултано, трпеливо, стратифицирано читање.
Како и секој палимпсест впрочем, полихронијата запечатена во овој густо ткаен текст ни носи и роман за интимното созревање (bildungsroman) и летопис на Млетачката Република, а едрата на страниците всушност постојано стремат на дионизиски аџилак кон – Медитеранот, интертекстуалното устие за историскиот тек на недобројни култури и од Истокот и од Западот.
Небаре со раката на Хермес биле украдени идентитетските картички под музејските експонати, та потем помешани биле во шпил на нова романескна приказна, „Венеција“ на Владимир Пиштало низ лавиринтот на La Serenissima нè води на расеана, интуитивна прошетка вон јаловиот етер на академската, егоцентрична блазираност, кон самосвест за личноносните својства на уметничкиот дух.
250,00 ден