Прикажани се 2 книги

  • Битлси

    Норвешките автори во последниве години наидуваат на одличен прием кај македонските читатели. Современата норвешка литература е крајно возбудлива, а меѓу имињата кои оставија длабок впечаток секако е Ларс Соби Кристенсен, кој со неговата книга „Полубратот” ја воодушеви читателската јавност. Навраќајќи се кон неговата богата библиографија, сметавме дека вредна за превод е наградуваната книга со индикативен наслов „Битлси“, за која сме сигурни дека ќе има уште поголем интерес.

    Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не’ навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.

    400,00 ден690,00 ден
  • Полубратот

    „Полубратот“ е приказна за двајца браќа – Фред и Барнум – кои се борат да станат исполнети поединци додека растат во ексцентрично семејство во Осло. Романот ги следи низ сите етапи на животот. Тоа е наратив со богата, жива историска основа во кој се испреплетени и неколку паралелни приказни. Овој прекрасен роман е ценет и од критичарите и од читателите. Романот има добиено многу награди, меѓу кои и наградите на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“ и „Наградата на книжарите“. Според него е снимена и многу популарна тв серија.

     

    Полубратот е од оној вид на големи амбициозни панорамски романи за кои мислиме дека само Американците ги пишуваат во последно време. Тој е делумно Билдунгс роман – опишувајќи го развојот на еден писател, еден вид Улис за Осло… Големо, вредно четиво.“

    Daily Telegraph

    300,00 ден590,00 ден