„Филмотопија“, трета книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков

Со задоволство Ве информираме дека утре, сабота, 16 април, од печат ќе излезе книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), сите во издание на „ИЛИ-ИЛИ“.

Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност. Низ неколку поглавја, во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје авторот остава простор за класикот Алфред Хичкок.

Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво, издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад, можат да се набројат на прсти.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна