Прв превод на дело од грчки јазик во „ПРОаЗА“

Ве информираме дека деновиве од печат излезе збирката раскази „Нешто ќе се случи, ќе видиш“ од Христос Иконому, како прв превод од грчки на македонски јазик во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Преводот е на Петар Андоновски, дизајнот на корицата на Марија Смилевска, а книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската унија.

За книгата на Иконому книжевните критичари напишаа:

„Грчкиот Фокнер… една од најтрогателните хроники на економската криза што излезе од Грција“. La Repubblica

„Иконому ја редефинира вредноста и архетипското значење на грчкиот еп… со неколку зборови тој ја отсликува тешкотијата да се живее овде и сега“. Panorama

„Дијалогот на Иконому блеска со автентичност, додека неговиот наратив премостува едноставен и често груб јазик со моменти на чиста лирика, како искра што поттикнува емоции“. Conteiner Magazine

„Декамерон на кризата“. Left Magazine

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна