Нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“
Се надеваме дека секој нов превод од класичните јазици кај нас е прилог повеќе кон збогатувањето на фондот книги кои нурнуваат во големите мудрости од минатото. Едицијата „Арго“ е наш мал придонес токму кон ова богатство од можности.
По делата на Лукијан од Самосата, Сенека, Кикерон и големиот издавачки потег со преводот на латинските цитати и изреки, овој пат „ви подаруваме“ неколку дела на македонски јазик од легендарниот Публиј Корнелиј Такит, благодарение на одличниот превод на тандемот Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински.
Тие во една книга ни ги приредија делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалог за говорниците“, на радост на многумина љубители на класичната литература.
Збогатете ја Вашата домашна библиотека со уште еден превод од латински јазик како трајна вредност!