„Писмо за Глорија“, книга на месецот во ГБ „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ успешно ја продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“. Вечерва во 19 часот, низ разговор на Александра Јуруковска со авторот, ќе биде претставен романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Финалистот за „Роман на годината“ за 2022 година воедно ќе биде и книга на месецот април во библиотеката.

„Романот „Писмо за Глорија“ е неверојатна книга по многу нешта. Денеска со Живко ќе се обидеме да допреме дел од тие нешта: пишувањето како себеприфаќање и терапија, автофикцијата и автобиографијата, авантурата наречена “пловидби”… вели Јуруковска по повод вечерашниот настан.

Доколку сакате фина скопска книжевна вечер, Ве очекуваме во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 19 часот, во спомен собата „Т’га за југ“.

Се гледаме.

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна