Промоција на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на романот   „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски, во издание на ИЛИ-ИЛИ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Николина Андова-Шопова. Романот влезе во најтесниот круг за наградата „Роман на годината 2021“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“. Николина Андова Шопова

Ве очекуваме!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна