Промовиран документарниот филм „Бела книга – женско писмо“

Нашата авторка Снежана Младеновска Анѓелков, денес во 12 часот во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, на Денот на македонскиот јазик, во присуство на ученици од трета и четврта година од средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Панче Арсовски“ и нивните професорки, го промовираше едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“, во кој учествуваат неколку современи македонски писателки.

Проектот се крчкаше подолго време, од идеја до финална реализација, и истиот отвора простор за нови размислувања околу женското писмо и сите негови специфики кое тоа со себе ги носи и ги негува: Колку авторките биле дел од канонот на македонската литература? Колку таа категорија се променила со текот на времето? Каква е улогата на писателките во рамките на актуелната македонската книжевна сцена? Колку се читани и почитувани? Дали нивните дела се дел од образовниот систем и лектирните изданија?

Овој филм, во соработка со професорките по македонски јазик и литература, ќе биде прикажан во рамките на наставата во неколку средни училишта во Скопје, со цел да им ја доближи литературата на македонските авторки на учениците, запознавајќи ги со делата на актуелните домашни писателки, истовремено извршувајќи едукативна функција, но и поттикнувачка размисла за инкорпорирање на нивните книги во наставниот процес во образованието.

Погледнете го филмот на следниот линк:

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна