Прв превод во „ПРОаЗА“ од албански јазик

Со задоволство го најавуваме излегувањето од печат на збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, која е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“, благодарение на преведувачот Крешник Ајдини. Излегувањето на книгата финансиски е помогнато од фондацијата „Традуки“.

Ова е одлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.

Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА!

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна