Никола Бувје (март 1929 – февруари 1998) е француско-швајцарски писател, фотограф и патописец, кој во период од педесет години го истражувал светот. Денес е репер за сите писатели патoписци и вљубеници во авантурата и културната размена со другиот.
Во 1953 година Бувје ја напушта Женева и тргнува на своето прво патување, кое ќе трае четири години. Тој патува во Југославија, Турција, Иран, Авганистан, Пакистан, Индија, Јапонија… За таткото на патoписната книжевност патувањето претставува мешавина на храброст и хедонизам како и презир кон удобноста и сопственото здравје.
Најпознатите дела на Никола Бувје се: „Употребата на светот“ (1963), „Риба-Скорпија“ (1982) и збирката поезија „Однадвор и однатре“.
-
Однадвор и однатре
„Никола Бувје (1929-1998), патописец. Го пропатува Ориентот, Цејлон, Балканскиот Полуостров, Јапонија, а потоа Ирска, и ни остави дузина книги. Како книжевен номад, Бувје спозна „мигови на неподносливи празнини“.
„Однадвор и однатре“ е единствена збирка поезија од Никола Бувје, објавена за првпат во 1982 година, шест години пред неговото заминување од овој свет. Поезијата е, поточно кажано, прашање на повлекување и на запирање…“
Емануел РЕМБЕР
200,00 ден