Ричард Мило е роден 1971 во Единбург, Шкотска.
Завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје. Изложувал кај нас и во странство.
Работел како графичар, сликар, дизајнер, реставратор, сценограф, металуршки и машински раководител.
„Бог и бетон“ е негов дебитантски роман.
-
Бог и бетон
Го добив Бога, се изгубив себе. Назад? Тешко. Световите во кои престојувам не се ниту национални ниту планетарни, туку галактички. Сѐ под тоа е избледнато. Култура, уметност, што беше тоа? Сон, мираж, душевно бладање во полусон. Жал ми е за световите што одумираат, сеедно колку плитки и безначајни. Жал за љубовите кои тонат во заборав. Има ли зборови да ја опфатат љубовта за животот? Има ли зборови да ја содржат тагата за светот кој заминува во безначајност?