Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази „Чкртки“ (2007), „Осмица“ (2010, Блесок), „Мојот маж“ (2014) и „Не одам никаде“ (2018), книгичката мали фикции „Спиј“ (2017), како и на студијата за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“ (2012).
Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски).
Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата „Literary Europe Live“. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова.
Таа е една од организаторките и иницијаторките на „ПичПрич – платформа за раскажување женски приказни“.
Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.
-
Burri im
„Burri im” përmban 11 tregime të rrëfyera nga perspektiva e një gruaje, tregime të cilat flasin për jetën e tyre. Janë gra të cilat ne i takojmë dhe i shohim çdo ditë – amvise, artiste, afariste, profesoresha… Çdo tregim flet për marrëdhëniet e tyre me burrat dhe me fëmijët, me rrethin dhe me shoqërinë.
Por, gjithashtu, secila prej tyre është një kritikë në vete për patriarkatin, i cili është aq thellë i gdhendur në shoqërinë tonë. Secila prej tyre flet për disa gjëra të përditshme, të cilat në shikim të parë janë të zakonshme, dhe pikërisht për shkak të kësaj është edhe pasqyrimi i një realiteti të heshtur nëpër të cilin çdonjëri prej nesh kalon.
-
Не одам никаде
Најновото прозно дело, збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска е своевидно продолжување и надоградување на веќе препознатливиот содржински и стилски раскажувачки манир на оваа современа македонска писателка. Оваа книга, составена од седум раскази, на извноредно прецизен и прониклив начин претставува остар и реалистичен, но истовремено суптилен и често трогателен приказ на современата македонска реалност. Имено, преку мајсторското прикажување на многу комплексни меѓучовечки односи – семејни, пријателски и професионални – авторката гради слика на македонското совремие, истовремено прикажувајќи како општеството со своите наметнати патријархални, но и политички и социо-економски матрици, се отсликува во најинтимните јадра на човековите релации. Заебележително е што во овие раскази преовладува темата на економската миграција и растурените меѓучовечки односи што таа ја предизвикува, како и комплексот на инфериорност кон западниот свет.
Во ова дело на Бужаровска гледаме продолжување на северно-американската традиција на раскажување, на автори како Елис Манро (со кого неслучајно Бужаровска ја спореди критичарот Теофил Панчиќ), но присутна е и минималистичката, хипер-реалистична традиција на раскажување на Рејмонд Карвер, како и насилно-епифаниската нишка присутна кај Фланери О’Конор. Сепак, Бужаровска гради изразито сопствен, сликовит, реалистичен, но и хумористичен стил што ќе остане забележан во македонската раскажувачка традиција, во која оваа авторка веќе го остави својот печат.
-
Мојот маж
„Одамна во домашната издавачка продукција не се појавила збирка раскази како „Мојот маж“ – компактна, сложна, единствена во различностите, со зададен и бравурозно решен „раскажувачки проблем“, заодена со совршено јасни стапалки низ песочните наноси на болката, низ натрупаната тишина на премолчуваното, мрачното делнично, не само во стварното туку и во книжевното живеење… Ова е најдобрата збирка раскази на Румена Бужаровска досега, но и една од најдобрите збирки раскази објавени во земјава последниве неколку години“.
Оливера Ќорвезироска
„Стравот и лагата (илузијата/заслепеноста), која нужно доаѓа во пакет со стравот, се јадрото околу кое се градени повеќето раскази. Ликовите некогаш подлажуваат, несвесни за она што доаѓа како последица на тие навидум безначајни лаги (ќути, да не разбере маж ми; ќути, да не разберат комшиите), а некогаш, богами, лажат на големо, изневеруваат, ги исмеваат зад грб своите најблиски, лицемерат. Покрај овие проблеми, се отвораат и крупни општествени проблеми, па така, се проблематизира семејното насилство, национализмот, кичот и невкусот во уметноста. Очигледно е дека критиката се однесува пред сѐ на нашето општество, затоа што во расказите има јасни маркери за простор“.
Ѓоко Здравески
-
Чкртки
„Неверојатна е надареноста на Бужаровска да одбере некоја случка од секојдневниот живот, банална во својата суштина, да ја назначи за своја тема, а потоа, низ фантастична нарација, да ни каже: еве зошто ве довлечкав овде, ова сакав да ви го кажам“.
Драги Михајловски