Виктор Жмегач е роден 1929 година во Слатина. Германистика и југославистика студирал во Загреб, а германистика и музикологија во Гетинген. Од 1957 година e предавач на Филозофскиот факултет во Загреб, а од 1971 година е редовен професор. Денес е professor emeritus на Универзитетот во Загреб.
Има објавено голем број книги на хрватски и германски јазик, главно од областите на германската книжевност, кроатистиката и музикологијата. Историјата на германската книжевност од XVIII век до денес (на германски јазик, во три тома), напишана во соработка со колеги од Германија, Австрија и Швајцарија, е стандардно дело од областа на германистиката.
Најважни книги: „Музиката во делата на Томас Ман“ (1959), „Книжевното творештво и историјата на општеството“ (1976), „Крлежините европски хоризонти“ (1986 и 2001), „Историска поетика на романот“ (1987), „Европскиот роман“ (1990), „Духот на импресионизмот и сецесијата“ (1993 и 1997), „Традиција и иновација“ (1993), „Виенската модерна“ (1998), „Од Бах до Баухаус: историја на германската култура“ (2006), „Мајсторите на европската музика“ (2009), „СМС есеи“ (2010).
Добитник е на голем број национални и меѓународни признанија и награди.
-
Филозофот игра фудбал
Насловот на книгата го парафразира првиот, и на некој начин, воведен и методичен егземпларен есеј во книгата, “Кант игра фудбал”. Жмегач го споредува фудбалот кој го играат најдобрите светски екипи со оној кој го играат селските клубови, духовито навестувајќи ја фудбалската утопија – средба на светскиот првак со екипата од малото населено место Цабуна. Авторот заклучува дека предлогот “не е фер”, но и’ придава моќ на самата игра – и тоа како би било весело во тој натпревар светските прваци да изгубат од Цабунчани, и поентира – тоа би била победа на моралот над спортот.
Впрочем, и светските шампиони и момците од Цабуна играат со топка која подеднакво е кружна, но за овие другите таа не е предмет кој “значи пари”. А тие момци, и понатаму дрибла Жмегач, “веројатно не слушнале за Кантовата книга за естетика, а токму самите тие се алегориски приказ на клучната мисла на теоријата на уметноста и основата на убавината на филозофот”, бидејќи, не’ потсетува на асот од Конигсберг – “убаво е она што е исполнето со самобитна смисла и не и служи на некоја друга, хетерономна цел”.
250,00 ден