-
Ветрилиште
Секоја приказна треба да има почеток, средина и крај, но не секогаш по тој редослед, велеше Жан Лик Годар.
Овој роман се одвива за време на едно деноноќие (па ни толку!) во животот на Борис, или ако повеќе сакате, на Писателот. Не е експериментален во формата, туку си тече класично, од почеток до крај, без поместувања во зацртаниот редослед, освен ако не се земат предвид постојаните размислувања и реминисценции во однос на нештата што се случуваат околу главниот протагонист, кои вешто ги испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината, што работите ги прави неизвесни. Но, она што е сосема извесно е дека оваа приказна започнува и завршува со пеењето на еден петел-ранобудник: Кукуригууууууууу…
450,00 ден