Деби романот „Пештера“ на Максим Ристески излезе од печат

Почитувани читатели,

Ви претставуваме уште еден нов автор во нашата и Ваша омилена едиција „ПРОаЗА“. Дебитантскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески е вистинско книжевно изненадување, и топло Ви го препорачуваме. Напишана со високо естетски литерарен стил, приказната во овој интертекстуален роман на талентираниот автор сигурно ќе ве освои.

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист… Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Пештера“ му е прв роман, чиј зародок долго се формирал, но кога дошло вистинското време, го напишал во еден здив.

Извадок од романот:

„Под Владимир закрцка кожната фотелја. Царот на светот откако со тикот го спушти гардот – како што, впрочем, и му приличи, односно, може да си дозволи само вистински суверен – иташе да го освои, да го придобие. Тоа што му ласкаше наметливо, а сепак со достоинствен, како исповеднички тон – заклучи Владимир – не може да биде ништо друго освен израз на потребата од него во организацијата.

Но, наеднаш го преплави немир. Не знаеше зошто, ама силно го растрепери стравување старчето да не згреши, да не каже нешто што ќе го остави без алтернатива. В срце го жегна кога низ глава му помина и сосем неприкладната мисла дека треба да разгледа опција и за безглаво бегство …“

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна