Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот.

Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува. Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна.

Преводот на книгата и гостувањето на авторот е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна