Прв превод на македонски јазик на дело од ирскиот класик В. Тревор

Со задоволство Ве информираме дека денеска од печат излезе збирката раскази „Далеку од Ирска“ на класикот Вилијам Тревор. Ова е прв превод на негово дело на македонски јазик, зад кој стои преведувачот од англиски јазик Ацо Пероски.

„Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор.

Магазинот „Паблишерс викли“ за авторот напиша: „Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна